Од денес па наредните неколку дена сите екипи на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ се ангажирани на расчистување на јавните површини низ цела територија на општина Охрид.
„Денес се започна со хортикултурно уредување, косење и метење во стариот дел на градот и во с.Подмоље, а ќе бидат опфатени и другите охридски села со чистење и уредување пред претстојниот празник.“ – велат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека овие акции ќе траат до четврток, а како поголема активност се започна со чистење на магистралниот пат Охрид – св.Наум.