Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа традиционалниот Велигденски панаѓур со творби изработени од вредните раце на учениците од училиштето.
„Беа изработени творби од јајца, кошнички и се она шо е поврзано со славењето на големиот христијански празник Велигден.“- информираат од училиштето.
Панаѓурот е организиран во заедничка соработка со училиштето и Советот на Родители при училиштето.