Велигденски панаѓур во ОУ „Григор Прличев“

По повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово (Велигден), денес традиционално во ОУ „Григор Прличев“ се одржа Велигденски панаѓур. На панаѓурот, на кој беа изработени творби од вредните раце на учениците, најмногу можеше да се забележат кошнички, декоративни и креативни Велигденски јајца, украси, но и се она што е поврзано со празнувањето за овој празник. Собраните средства од продадените производи ќе бидат донираат за хуманитарни цели. WebOhrid

повеќе...

Велигденски панаѓур во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа традиционалниот Велигденски панаѓур со творби изработени од вредните раце на учениците од училиштето. „Беа изработени творби од јајца, кошнички и се она шо е поврзано со славењето на големиот христијански празник Велигден.“- информираат од училиштето. Панаѓурот е организиран во заедничка соработка со училиштето и Советот на Родители при училиштето.

повеќе...