Денес, на Велики Петок утрово, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беа отслужени Царските часови и Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.
За време на Вечерната богослужба, беше изнесена светата плаштаница, на која верните се поклонуваат на положениот во гроб Христос.