Во периодот 14-17 мај 2017 г, во Малта ќе се одржи младинска конференција каде ќе учествуваат претставници на младински организации, претставници на институции одговорни за младински политики и директори/министри за млади. Настанот се организира во рамки на претседавањето на Малта со Советот на Европска Унија по големата младинска конференција за структурен дијалог која се одржа во периодот 20-24 март 2017 г во Малта.
За таа цел, Агенцијата за млади и спорт објавува повик за младински претставник кој ќе учествува на конференцијата. Се повикуваат сите млади луѓе на возраст од 14-29 години да достават своја кратка биографија и мотивационо писмо на е-маил : zorica@ams.gov.mkнајдоцна до 20 април 2017 година.
Младинската конференција ќе ги опфати темите за младите европејци и идентитетот, социјалната инклузија, учество и лидерство и улогата на младите луѓе од Европа во одржливиот развој.
Трошоците за сместување и пат се покриени од страна на организаторите, со напомена дека трошоците за пат ќе бидат покриени во висина од максимум 200 евра. Надминувањето на оваа сума е на товар на избраниот младински претставник.