ОО на СДСМ Охрид упатува искрена честитка до сите граѓани на Охрид кои го чествуваат големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден.
„Светлината на Христовото Воскрение е симбол на откровението на вистината – спасителка на светот и на човекот.
Ова е период кога можеби повеќе од било кога сме исправени пред најголемите предизвици како граѓани на овој наш старозамански град – да покажеме здрав разум, храброст и зрелост и цврсто и непоколебливо да застанеме на страната на животот, вистината, правдата, почитта кон различностите, на страната на човековото достоинство што ја ослободуваат душата и обезедуваат спокоен живот.
Во светите празнични денови посилно од вообичаено сме посветени на значењето на духовните вредности. Затоа чествувањето на Велигден ќе ја засили нашата верба и определба за нивно доследно и целосно почитување, да ги исполниме и негуваме овие свети универзални должности.
На сите охриѓани кои го чествуваат Велигден им пожелуваме среќни празнични денови, поминати во добро здравје и духовен мир.“– стои во честитката.