Во Каменско ќе се служи света литургија по повод Источен петок – Балаклија

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. април 2017 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Источен петок – Балаклија“, (Едноцрквие).

На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.