Жител од струмичко с. Банско ограбувал во автомобили, куќи, згради и фирми во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени седум казнени дела од кои три „тешка кражба”, едно „тешка кражба во обид“ и три дела „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Ш.(20) од струмичкото село Банско.

Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казнените дела ги извршил во згодна прилика во периодот февруари-март оваа година во Струга, користејќи погоден алат и физичка сила. Две казнени дела, пријавениот ги сторил со употреба на подесен предмет со кој ги скршил стаклата на патничките автомобили „Хундаи“, противправно одземајќи 5.000,оо денари и од службено возило „Фиат пунто“ од каде одзел две картички „Верна“ и една ташна со службени документи. Со употреба на алат и насилно, пријавениот низ балконска врата влегувал во куќи и згради и одзел телевизор, ДВД, воздушна пушка и други предмети. Со помош на клешти и друг алат, С.Ш. пресекол и одзел околу 20 метри кабел за улично осветлување на кеј „Борис Кидриќ“, сопственост на општина Струга како и околу 100 метри ребрасто црево сопственост на фирма изведувач на работите.

На тој начин, пријавениот предизвикал материјална штета од околу 100.000,оо денари.