По повод празникот Светли Четврток, во манастирот „Св. Јован Богослов“ Канео во Охрид, денес беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.