Во Петокот од Светла седмица- Источен Петок – Балаклија, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, денес беше отслужена света архиерерјска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.