Владата на Република Италија за академската 2017/2018 година доделува стипендии за македонски државјани, наменети за:
• Напредни тримесечни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик;
• Едномесечни курсеви за усовршување на италијански јазик за доценти по италијански јазик;
• Студии за високо уметничко и музичко образование;
• Додипломски редовни студии (само за лицата кои сакаат да ја обноват стипендијата веќе доделена во претходната академска година);
• Последипломски студии:
– Магистерски студии;
– Докторски студии;
– Специјализации и
– Други истражувачки активности.
Подетални информации можат да се најдат на веб страницата www.ambskopje.esteri.it, како и во одделот за култура при Амбасадата на Република Италија во Република Македонија.
Крајниот рок за аплицирање е 10 мај 2017 година.