Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“дел од „Образовното рандеву“

Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ учествуваше на „Образовното рандеву“ (МАССУМ) кое се одржа на 21 и 22 Април во Скопје во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. Учениците го претставија училиштето со свој штанд на кој ги изложија своите најнови достигнувања во младинската организација и на практичната настава. Во категоријата за најдобар штанд учениците го освоија третото место, а во најдобро светло се претставија и во следните категории:

• Јавно говорење на македонски јазик
• Интервју за работа на македонски јазик
• Онлајн кариерно портфолио
• Поетска творба
• Најдобра фотографија

Образовното рандеву во Скопје низ фотографии: