Високи резултати за ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву 2017“

ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на манифестацијата „Образовно рандеву 2017“ во организација на Македонска асоцијација на средни стручни училишта што се одржа во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје. 

Учениците преку свој штанд на саемот за образование во холот и дворот на училиштето со кој го освоија второто место ја презентираа работата, образовните профили, наствата, наградите, успесите, а исто така имаа можност преку натпревари, работилници, талент шоу и модна ревија да ги прикажат сите свои способности и да го претстават училиштето во најдобро светло.

Учествуваа 34 ученици во 11 различни категории под менторство на своите професори и координаторот-ментор проф. Перчо Божиновски покажувајќи ги своите знаења, умеења и вештини. На натпреварите учениците постигнаа високи резултати заземајќи различни места и пласирајќи се од 2 до 44 место во конкуренција на 64 средни училишта, во одделните категории: штанд, драмска претстава, модна креација и ревија, поетска творба, веб-страница, интервју за работа, маркетинг план, јавен говор, серва, баскет, пинг-понг.

Училиштето и во иднина ќе продолжи да учествува на вакви манифестации и натпревари.