Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска се сретна со г. Карло Ромео, Амбасадор на Република Италија во Република Македонија. На средбата, министерот Нухиу на Амбасадорот Ромео му изрази благодарност за досегашната извонредна билатерална соработка со Министерството за внатрешни работи со надеж дека таа соработка ќе продолжи да се зајакнува преку добро воспоставената практика на размена на искуства и обуки .
Поддршката на Италија во областа на безбедноста и полицијата е многу значајна за евроатлантските перспективи на Република Македонија и високо ја цениме отворената поддршка што Република Италија ја дава кон нашата земја во овој процес, истакна министерот Нухиу.