Министерката за култура Канческа – Милевска во работна посета на Охрид

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојуваше во работнапосета на Охрид, каде изврши увид во зафатите што се спроведуват во градот со поддршка на Владата и Министерството.

Таа заедно со директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, Тања Паскали и со градоначалникотна Охрид Никола Бакрачески го посетија Долни Сарај, каде беше извршена конзервација и санација на ѕидните платна под сцената Долни Сарај, на потегот што гледа кон Охридското Езеро.

„Стручните екипи на Заводот и музеј од Охрид во иминатиот период интензивно работеа на реализацијата на овој проект што се одвиваше во две фази, за што беа извоени 2,8 милиони денари. Со овој проект отстранета е една голема опасност за сите минувачи покрај овој простор, а од особена важност е што се отвори и можност за целосна ревитализација на просторот од Долни Сарај“, истакна таа.

Министерката ја посети и црквата „Света Богородица-Перивлепта“ каде во тек е конзервација и реставрација на архитектурата и нафрескоживописот, како и конзервацијата и реставрацијата на манастирскиот конак и камбанаријата.

„Интензивно се работи на овој комплекс, целосно е завршена архитектурата на самата црква, со дренажата околу објектот и внатрешно. Стручниот тим од 14 конзерватори веќе работат на освежување на фрескоживописот, а тој зафат целосно ќе бидезаокружен за некаде десет месеци“, рече Милевска.

Целосно е завршена и реконтрукција на камбанаријата, сега се работи на реконструкција на конакот, каде градежните работи ќе отпочнат откако ќе се изведат сите археолошки истражувања на тој простор.

По однос проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, министерката појасни дека во завршна фазае изградбата на Музејот на Плаошник, Центарот за хуманистички науки и Светиклиментовата библиотека, каде во моментот се изведуваат покривите и се почнува со оформување на фасадниот изглед на објектите.

– Во тек се работите во фаза карабина на објектот на богословски факултет. Диманиката се одвива според акцискиот план, така што се надевам дека во 2018 година ќе имаме можност да го промовираме целокупниот комплекс, вклучувајќи го и целосното партнерно уредување, истакна Милевска.

Директорката на Завод и музеј – Охрид, Бунташеска – Паскали во оваа прилика ги посочи сите активности што се спроведуваат воградот и околината, кои што се надележност на ресорното Министерствто, а се предвидени за оваа календарска година.

„Тоа се проектите за конзервација и реставрација на фасадите на Куќата на Ѓурчинови и Магазата на улицата „Свети КлиментОхридски, кои се во завршна фаза и ќе бидат готови за некаде две седмици. Отпочнува и обновата на фасадата на објектот каде сенаоѓа „Радио Охрид“ и на Куќата на Димзови. Ќе отпочне и изведба на потпирниот ѕид зад Куќата на Робевци, што беше оштетен во2008 година“, рече таа.

Исто така, Завод и музеј континуирано работи на валоризација и ревалоризација на одредени објекти, и на збирките од движното културно наследство. До крајот на годината предвидено е за Охрид и Струга да биде целосно завршена профаната и сакралната архитектура.

„Останува уште да се изврши доревалоризација на археолошките локалитети. Направени се елаборати за валоризацијана збиркитена икони, на стари ракописи, историската збирка, збирката на златни предмети, на етнолошки предмети, збирката на епиграфски споменици, на монети од локалитетот „Самоилова тврдина“, потоа се врши изработка на елаборати за сите збирки, а се врши и реновирање на постоечките депоа во кои се чуваат музејските предмети“, рече Паскали – Бунташеска.

Проектот за реновирање на фасади на Министерството за култура е отворен до 2020 година, а со него е предвидена конзервација и ревитализација на уште најмалку 40 објекти од посебен интерес.