ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа

Покрај другите основни училишта од Охрид и ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на 9ти мај- Денот на Европа.

„Нашето училиште ја претставуваше Унгарија, а вредните ученици покрај материјалите кои ги изработија се претставија со закуска во која можеа да уживаат посетителите. Во прекрасна атмосфера и добра организација, учениците од четвртите одделенија кои беа на штандот со насмевки го споделуваа наученото за оваа држава.“- информираат од училиштето.