Учениците од прво до петто одделение од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти заедно со нивните наставници денес го посетија Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и можност да видат полетување и слетување на авион на пистата. Тие се дружеа со пилотот, стујардесите и вработените на охридскиот аеродром. Учениците благодарејќи на вработените беа запознаени со основните принципи и вработени на оваа институција.
На крајот тие си заминаа среќни и задоволни од новото доживување, кое сигурно долго ќе го паметат.
WebOhrid