Математичарите од ОУ „Христо Узунов“ со бројни награди на Државниот натпревар

Изминатиот викенд, на 06.05.2017 година, се одржа 42-от Државен натпревар за учениците од основното образование, на кој учениците од ОУ „Христо Узунов“ постигнаа одлични резултати.

  • Христина Митреска (IX одд.) I награда, ментор: Виолета Китеска
  • Елена Андрееска (VII одд.) III награда, ментор: Ирена Бачева
  • Сања Јовеска (VII одд.) III награда, ментор: Ирена Бачева
  • Филип Ѓорѓески (VII одд.) пофалница, ментор: Ирена Бачева
  • Борче Исакоски (VI одд.) II награда, ментор: Кристина Крстеска Николоски
  • Горазд Блажески (VI одд.) II награда, ментор:Кристина Крстеска Николоски

Од училиштето упатуваат честитки до учениците и нивните ментори и како што велат да го повторат одличниот успех на Јуниорската македонска математичка олимпијада, која ќе се одржи на 03.06.2017 година.