На 13.5.2017 година во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа 41 Државен натпревар по физика за основно образование, на кој учествуваа вкупно 320 ученици од осмо и деветто одделение. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид и оваа година беа меѓу најдобрите.
Ученичката Ана Димоска од IX одделение постигна најдобар резултат на натпреварот освојувајќи прва награда со максимум 100 поени.
Јана Петреска од VIII одделение освои трета награда, а ученикот Петар Мишов VIII одделение освои пофалница.У
Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска.