Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, утре во хотел Метропол, Охрид ќе ја одржат годишната средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.
ИПА2 механизамот е основан од страна на граѓанските организации кои се активни во различни сектори во Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 рамка.
Годишната средба претставува место каде граѓанските организации дискутираат и бараат решенија за секторските предизвици, но и споделуваат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување.
На настанот ќе бидат презентирани досега спроведените активности на ИПА 2 Механизмот, како и активностите планирани за во иднина.