ВМРО-НП со повик до членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Општинскиот Комитет на ВМРО НП – Охрид ги повикува членовите и симпазитертите на ВМРО – ДПМНЕ кои се уште не се во можност, низ една внатрепартиска демократска процедура, да почнат процес на промена во нивната партија, да пристапат кон ВМРО – НП и со тоа да се приклучат кон сите оние чесни и достоинствени граѓани на Македонија кои му свртеа грб на поранешниот режим кој владееше со земјата.

Ги повикуваме сите патриоти, искрени родољуби и чесни луѓе кои се дел од партијата ВМРО – ДПМНЕ, а во суштина се вмровци по убедување, да истапат од оваа партија и да се приклучат кон ВМРО НП за да на тој начин почне процесот на обединување на десницата и собирање на вистинските патриоти на едно место.

Повторно доаѓа време на вистинските родољуби, на патриотите Македонци, на оние кои ја сакаат Македонија од срце.

Сите членови на ВМРО – ДПМНЕ можат да не контактираат на следниот маил:

vmronarodnapartijaohrid@gmail.com

ВМРО – Народна партија – Охрид.“