Црквата Каменско од први септември организира бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско Охрид, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик. 

Часовите по англиски јазик ќе се одржуваат во четврток со почеток во 18 часот, а часовите по италијански јазик ќе се одржуваат во вторник со почеток во 18 часот.

Курсевите започнуваат од 1 септември, а ќе се одржуваат во просториите на црквата.

Сите заинтересирани можат да се пријават во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско Охрид, или на телефоните 046/ 267 832 и 078/ 330 394.