Арсовска Томовска на Регионална министерска конференција за јавна администрација

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на Регионалната министерска конференција за јавна администрација во Тирана, во организација на Министерството за иновации и јавна администрација на Република Албанија и Регионалната школа за јавна администрација (RESPA).

Министерката се обратила на панел дискусијата насловена како „Испорака на јавни услуги во регионот на Западен Балкан“, посветена на правната рамка за испорака на јавни услуги, аспектите на имплементација и квалитетно менаџирање на услугите, како и организационен развој и иновативен менаџмент.

Taa го претставила искуството на Македонија во однос на реформите во јавната администрација за транспарентност, ефикасност и отчетност, а ги посочила и клучните столбови за дигитална поврзаност меѓу институциите со цел поедноставување на услугите.

Арсовска-Томовска остварила средба со своите колеги од регионот и да размениле искуства и добри практики во однос на професионализацијата на администрацијата. На панел дискусијата говореле и министрите за иновации и јавна администрација на Република Албанија Милена Харито, на Црна Гора Сузана Прибиловиќ и на Србија Ана Брнабиќ.

На конференцијата учествувале преку 40 говорници од државите од Западен Балкан, високи претставници од релевантни меѓународни организации, од земјите-членки на ЕУ, претставници на стопанските комори и бизнис секторот, како и други релевантни граѓански организации од регионот и ЕУ.