Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамките на Националната кампања „Информирај се сега!“
Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и Универзитетот Гоце Делчев, Штип организираат Натпревар за најдобро видео кое најдобро ќе ги прикаже перфомансите на мобилната апликација Млади АМС. (Мобилната апликација е достапна на следниот линк.)
Наградниот Фонд за најдобро видео изнесува 500 евра во денарска противвредност, и истиот го доделува Агенција за млади и спорт.
Критериуми за учество:
- Студенти на возраст од 18 до 25 години
- Студенти од сите државни и приватни универзитети во Р. Македонија
- Студентите можат да учествуваат на Натпреварот во тимови или индивидуално.
Начин на пријавување:
Заинтересираните студенти/тимови можат да се пријават преку пополнување на пријава за учество најкасно до 22.05.2017 година достапна на следниот линк.
Пријавените студенти/тимови ќе имаат задача да подготват видео кое ќе биде од едукативен и информативен карактер и најдобро ќе ги прикажува содржините кои се наоѓаат на мобилната апликација за младинско информирање Млади АМС. Видеото може да биде комбинација од три или повеќе од следните дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација.
Формат на видеото:
- Да не биде подолго од три минути
- Најдобро да ги прикажува перфомансите на мобилната апликација
- Форматот на производот мора да биде компатибилен со YouTube – MP4
- Да биде со резолуција HD (720p – 1080p)
Видеатa на Натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на УГД, еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.
Видеата треба да бидат испратени во MP4 Формат на следната email адреса: infosega@infosega.org.mk најкасно до 10.06.2017 година.
Сите прашања поврзани со Натпреварот може да ги поставите на следниве e-mail адреси: infosega@infosega.org.mk или marice@infosega.org.mk .
Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни, и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.
Кампањата „Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.