Во рамките на прекуграничната соработка Македонија – Грција, Општина Дебрца како носител на проектот од македонска страна, заедно со партнерите на проектот од македонска страна Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќе наменско подрачје ”JAСЕН” и Шумарски Факултет – Скопје, и партнерите од Грција, Општина Терми и Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси, обезбеди средства од ЕУ ИПА програмата за прекуграична соработка за реализација на проектот “Подобрување на заштитата на приоритетните растенија во граничната област” под акронимот “Conse-pp”.
Пред почетокот на реализација на овој проект, Градоначалникот Игор Трајкоски одржа координативен состанок со претставници партнерите од македонска страна, односно претставници од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќе наменско подрачје ”JAСЕН” и Шумарски Факултет – Скопје.
Во рамките на овој проект од страна на Општина Дебрца е земено Белчишкото блато, како единствено и најголемо водно станиште во Република Мекедонија, со што се предвидува сеопфатна анализа на флората и фауната, која е опфатена во самото блато, како и изработка на мобилна апликација за туристи за убавините на блатото, воедно опфатени се и обуки за десет туристички водичи за белчишкото блато, кои воедно го поттикнуваат локалниот економски развој и претставуваат можност за дополнителни вработувања на територијата на Општина Дебрца, исто така предвидено е да се изврши реконструкција на стариот училиштен интернат во селото Белчишта, со пренамена на објектот, во ЕКО Музеј Белчиштако блато “Сини Вирој”, кое целосно ќе биде опремено и ќе бидат изложени убавините на блатото, кои ќе станат подостапни за туристите од регионот.
Во рамките на овој проект обезбедени се вкупно 1.253.259,68 евра, односно за Општина Дебрца обезбедени се 240.621,00 евра, за Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќе наменско подрачје ”JAСЕН” обезбедени се 138.476,00 евра, за Шумарски Факултет – Скопје обезбедени се 104.843,00 евра, а за партнерите од Грција, обезбедени се, за Општина Терми 298.466,50 евра и за Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси обезбедени се 470.853,18 евра.
Во следните месеци претстои потпишување на договорите за финансирање и почеток на имплементација на одобрениот проект за финансирање кој ќе придонесе со своите активности за подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, подршката на развојот на туризмот и подобрување на конкурентноста на прекуграничниот регион.