Заврши литературниот и ликовен конкурс кој во рамки на одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8-15 мај) и чествувањето на празникот на големите просветители Св. Кирил и Методиј, на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“ беше објавен од страна на Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид.
Голем број наши сограѓани од најразлична возраст, со свои дела учествуваа на конкурсот. Посебно формирани комисии во состав:
За литературни дела:
- Тоде Илиески – Поет, вработен во НУБ „Григор Прличев“, – Охрид
- Милчо Јованоски – Професор по македонски јазик и литература, новинар и сопственик на порталот „Публицитет“
- Татјана Дурнева – Професор по македонски јазик во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид
и за ликовни дела:
- Слободан Пупиноски – Професор по ликовна уметност во пензија
- Вера Торѓанска – Сликар
- Славко Упевче – Академски сликар, вработен во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид
По оценувањето на пристигнатите трудови, комисиите одлучија дека за литературни творби наградите ќе бидат доделени на:
1 место – Андриана Ангелова – „Хуманоста во заштита на човекото добро и достоинство“
2 место – Наталија Стрезовска – „Имаме срце да го даруваме на другите“
3 место – Ребека Манева – „Хуманоста во заштита на човекото добро и достоинство“
за ликовните творби награди ќе добијат:
1 место – Мирко Трајановски
2 место – Марија Кузмановска
3 место – Полина Божиновска
Црвен крст Охрид им се заблагодарува на сите учесници на конкурсот, а наградите на најуспешните ќе ги додели во понеделник (29.05.2017) во 11:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид.