Свечено одбележан Денот на Светите Кирил и Методиј

Со положување на цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, денеска, свечено беше одбележан 24. Мај денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

Делегации на Општина Охрид, општинското средно училиште што го носи името на просветителите, сите останати воспитно образовни институции, здруженија на граѓани и политички партии, се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на браќата.

Традиционално на овој ден, градоначалникот Никола Бакрачески, на учениците од општинските основни и средни училишта што освоиле награда на државни или меѓународни натпревари, им врачи пригодни награди.

Претходно градоначалникот Бакрачески присуствуваше на свеченоста што ја секоја година на овој ден ја организира КУД „Ѓердан“ од Охрид.