Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) објави повик за стажирање за 2017 година. Станува збор за програма која дава одлична можност за стекнување со професионално искуство, вештини и компетенции во различни научни области.
Повикот е отворен до 31 јули годинава и се однесува за сите одделенија и сектори во оваа европска институција за безбедност на храната.
Работејќи во мултикултурна средина, стажантите ќе бидат вклучени во секојдневните активности на Европската агенција за безбедност на храната – EFSA.
Повеќе информации за повикот за стажирање може да најдете ОВДЕ.