Не поминаа ниту десеттина дена откако беше хортикултурно уреден новиот дел на патеката и заменети украдените садници према хотелот „Парк”, несовесноста на граѓаните продолжува.
Забележана е нова и поголема кражба, каде што се украдени 40-тина садници од видот „Џунџуле” и 6 украсни зимзелени садници, што предизвикува неубава глетка за пешаците и туристите што циркулираат на тој дел од градот.