Министерот Лутфиу дел од церемонијата на доделување дипломи на 13та генерација на Универзитетот на Југоисточна Европа

„Со големо задоволство ја примив поканата од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа и истовремено се чувствувам двојно почестен да бидам дел од церемонијата на доделување дипломи, и тоа пред се како поранешен студент на овој Универзитет, а и сега како министер за образование и наука. Верувајте, имам невиден копнеж кога ќе ги погледнам моите почитувани професори на кои им се поклонувам со почит, ценејќи ја нивната неуморна работа во подготовката на новите генерации на патот кон успехот. Сигурен сум во тоа дека е дојдено време да се надминат пречките на минатото и силно да се работи кон зајакнување и зголемување на способностите и знаењата, кои се придружувани со толеранција и почит кон другиот како граѓанин на Европа“, нагласи Лутфиу.

Меѓу другото, министерот Лутфиу нагласи дека во соработка со меѓународните партнери и граѓанското општество, максимално се работи за иднината на оваа земја и за иднината на младите генерации, настојувајќи еднаш за секогаш да ги отстраниме политичките влијанија врз училиштата и универзитетите, правејќи ги овие образовни институции во храмови на отворено и слободно изразување и конструктивни дебати, затоа што само вака може да се движиме напред и како друштво и како нација.

На крај, тој им честиташе на студентите, велејќи- чинот на дипломирање е само пола од патот на еден започнат сон и дека сега овој сон ќе продолжите да го остварувате во реалноста, а од утре започнува едно друго патување кое е исто така многу важно. Ви посакувам здравје, среќа и успех во вашата професионална кариера со убедување дека ќе придонесете многу за нашата земја.