Заев: Важно е за сите, Владата ден поскоро да биде готова и предложена до Собранието

Одговори на новинарски прашања, Зоран Заев претседател на СДСМ

Медиуми: Господине Заев ќе поднесете ли денеска предлог?

Заев: Не, не верувам дека денеска ќе стигнеме. Правиме напори, тоа зависи од сите политички партии, доколку со другите две политички партии или коалции одржавме средба, еве денеска исто и со БЕСА. До вечерва касно продолжуваме посветени максимално, но како и да ја гледам работата денеска тешко дека ќе стигнеме

Медиуми: Каде е кочницата?

Заев: Разговараме за вистински суштински работи, важни за граѓаните, важна за иднината на новата Влада на Република Македонија, верувам дека тоа е вредно да се изгуби и ден, два, повеќе или помалку. Но, истовремено е важно за сите нас владата ден поскоро да биде готова и предложена до Собранието на Република Македонија.

Медиуми: До Понеделник ќе биде предложена?

Заев: Не можам да претпоставам, СДСМ и коалиционите партнери се само еден партиципиентите. Другите три политички субјекти ги знаете ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците, зависи тоа од сите нас заедно.

Медиуми: А утре пред Конгрес?

Заев: Не, дефинитивно, не.