Честитка од премиерот Димитриев по повод рамазанските пости
Почитуван поглавар на Исламската заедница во Република Македонија
Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,
Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам започнувањето на Рамазанските пости.
Светиот месец Рамазан и почетокот на Рамазанските пости од секогаш биле познати како денови на дарежливост, воздржување и добра мисла помеѓу граѓаните од исламската вероисповед. Вредностите кои ги красат овие пости нека бидат водилка во деновите кои претстојат, нека донесат многу радост и среќа во Вашите семејства.
Вербата да помогне да продолжиме со градење на општество кое се карактеризира со меѓусебно почитување, соработка и взаемна толеранција. Да работиме и понатаму за реализација на активностите кои обезбедуваат интерес за сите граѓани на нашата земја, решавање на секојдневните проблеми со кои се соочува населението, подобрување на стандардот, и развој на Република Македонија.
Испраќајќи Ви најискрени честитки, Ви пожелувам лесни пости, духовен мир и радосни празнични денови.