Комеморативна седница во чест и спомен на Проф. Зоран Бачев

Во чест и спомен на Професор Зоран Бачев денес во Централната зграда на ОУ „Братство Единство“ се одржа Комеморативна седница.

„Горди сме што беше дел од нашиот колектив, а воедно и многу тажни што прерано те изгубивме. Познавајќи те како борец, енергичен и упорен – надежта дека повторно ќе бидеш меѓу нас, меѓу своите, меѓу твоите, беше голема. Очекувавме дека повторно ќе се вратиш на работа и тоа како победник. Повторно ќе бидеш оној Баче, редовен математички точен на часовите, ведар, објективен, самокритичен и исклучително коректен. Во овие тешки моменти за сите нас, морам да истакнам дека нашиот колектив изгуби една беспрекорна личност која ја красеа високи професионални, морални и стручни квалитети. Твоите високи стручни стандарди изобилуваа со нагласена прецизност, возвишена интелигенција и одлика на борец кој е спремен да го реши секој предизвик во совршена перфекција. Твоите возвишени и квалитетни предавања преточени со универзални знаења и советувања создаваа генерации кои го градеа нашиот углед на училиште кое создава кадри за иднината. Твојата личност со карактер на високи културни и професионални особености вечно ќе бидат вградени во нашата колективна меморија како позитивен пример на вистински и незаборавен професор, другар и пријател.“ – ова го истакна директорот на ОУ „Братство-Единство“ Охрид, Муамер Доко на комеморативната седница во чест и спомен на Проф. по математика Зоран Бачев.

WebOhrid