На 28.05.2017 година во 04:10 часот во ПС од ОН-Охрид, В.О. (26) пријавил дека околу 01:45 часот, тој заедно со неговите другари Ж.М. и Н.П. сите од Струга дошле во Охрид поточно во кафе бар, додека неговото возило го паркирал во непосредна близина.
Во кафе барот му пришол А.А. од Охрид со кого се познавал и побарал да излезе надвор, а во еден момент физички го нападнал и го удрил со тупаница во пределот на стомакот. Во тој момент неговите другари го отргнале, но А.А. физички го нападнал Н.П. удирајќи го со тупаници.
Од страна на обезбедувањето на објектот сите лица биле остранети надвор, но А.А. заедно со уште неколку други лица почнале да ги бркаат кон возилото и со камења почнале да фрлаат оштетувајќи го истото. В.О. со возилото се упатил према ПСОН Охрид за да го пријави настанот, но бил следен од возило кое го пресретнало и од истото излегле А.А., Ф.Т. и уште две засега непознати лица и повторно почнале да фрлаат со камења при што му го оштетиле возилото.
Откако биле забележани од страна на УПС, истите се дале во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно за расчистување на случајот.