СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Б. (52) од Охрид и против правно лице „Градинар” ДЗППП увоз извоз АД Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.
Во текот на 2016 и 2017 година на парцела на ул. „Гоце Делчев” во Охрид, пријавените како сопственици и инвеститори на градба, спротивно на Законот за градење, односно без одобрение за градба издадено од надлежен орган, извршиле надградба на објект.