СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И. (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. и „овозможување на употреба на наркотични дроги”.
На 25.07.2016 година околу 19.00 часот пријавениот на лице од Охрид му продал 22.81 грама марихуана, додека на 26.07.2016 година во своето возило и овозможил на Ш.Е заедно да користат хероин кој го поседувал.