Екстерното и локалнте избори први на агендата на новата Влада

Министрите на новата избрана Влада денеска ќе влезат во своите кабинети. Уште пред официјалниот избор на Владата, вчера беше најавено дека денеска може да се очекува укинување на екстерното тестирање за учениците. А, од следната недела, се очекува во собраниска процедура да влезат измените на Изборниот законик, поврзани со локалните избори.

Потребни се интервенции во делот од законот каде што како датум за одржување на изборите стои првата половина на мај и да се впише нов датум кој најверојатно ќе биде 15 октомври.

Извор: Нет Прес