Соопштение од МОН

Министерството за образование и наука известува дека Германскиот Бундестаг во соработка со Слободниот Универзитет Берлин, Хумболдт Универзитетот во Берлин, Техничкиот Универзитет Берлин доделува меѓународна стипендија (IPS) во траење од неколку месеци за студиски престој во Германскиот Бундестаг, од 1 март до 31 јули 2018 година.

IPS стипендијата е наменета за високо квалификувани и заинтересирани млади луѓе за политичка кариера , кои имаат желба по завршувањето на програмата активно и одговорно да учествуваат во формирањето на демократска иднина во нивните земји. Тие ќе имаат можност во текот на престојот со член на Бундестагот да се запознаат со германскиот парламентарен систем и со процесите на донесување на политичките одлуки и да се стекнат со практично искуство во областа на парламентарната работа.

Услови :

1. Да се државјани на Република Македонија
2. Да имаа завршено високо образование
3. Добро да го познаваат германскиот јазик
4. Да се помлади од 30 години

Стипендијата изнесува 500 евра месечно, обезбедено е бесплатно сместување и патни трошоци и трошоци за осигурување.
Апликациите се поднесуваат во Амбасадата на СР Германија во Скопје на e-mail: info@skop.diplo.de. , каде се врши изборот на кандидати. Избраните кандидати ќе бидат повикани на разговор во Амбасадата.

Краен рок за поднесување на апликациите е 30 јуни 2017 година.

Подетални информации може да се добијат во Амбасадата на Германија во Скопје, каде ќе се врши или на интернет адресата: www.bundestag.de/ips