ВМРО-ДПМНЕ со порака од Охрид: Победуваме убедливо во првиот круг

Членството на најголемата парламентарна партија, ВМРО-ДПМНЕ активно се подготвува за претстојните локални избори. Штабовите низ Македонија се полни и може да се забележи еуфорична и победничка атмосфера.

Синоќа работен состанок имаше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Членовите на партијата на состанокот порачаа дека ќе издвојат голема победа на претстојните локални избори бидејќи, како што велат, виделе како работи владата на СДСМ и со какви луѓе си имаат работа.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека голема победа на локалните избори би била одлична подлога за одржување на предвремени парламентарни избори.