Народен Театар Охрид, гостува на 52то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Народен театар Охрид, денес гостува на 52-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Охридскиот народен театар, со почеток во 19.30 часот ќе ја изведе претставата „Аналфабет“ – комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.