Во четврток, 22 ви јуни на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, ќе пристигне првиот чартер лет од Катовице – Полска.
Како што информираат од ТАВ Македонија авионот на полската авиокомпанија „Смол планет ерлајнс“ (Small Planet Airlines) ќе пристигне во 10:15 часот.
Организатор на најголемиот полски тур-оператор е „Рего-бис“.
На настанот пред присутните гости и медиуми ќе се обратат министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески; генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој; амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски и директорката на „Рего-бис“, Габриела Манка Сокулу.