Еко – свест го честита 21ви Јуни – Денот на Охридското Езеро и информира дека дека Еко- свест ангажираше тим од пет експерти од различни области со цел изработка на физибилити студија за одржлив транспорт во Охрид долж крајбрежјето, на потегот од Охрид до Св. Наум.
„Оваа студија ќе ни даде идејно решение за велосипедска патека, автобуски и бродски транспорт на соларна енергија и ќе ги разгледа можностите за одржливо урбано планирање на Охрид. Студијата ќе биде презентирана пред јавноста наесен и се надеваме дека реализацијата на ова решение ќе биде висок приоритет на кандидатите за градоначалник на општина Охрид. Сметаме дека одржливиот развој на нашите најскапоцени заштитени подрачја е единствениот пат по кој нашата држава може да овозможи климатски отпорни заедници и локален економски развој со придобивки за сите граѓани во Македонија.“ – информираат од Еко- свест.
Од таму информираат дека како дел од своите активности ова лето, а со цел визуелно да се покаже убавината и вредноста на природата во нашата земја, како и да се потикне дискусија дека природата вреди да се зачува, Еко- свест објавува фото конкурс на тема Природата Е Секси.
„Ни требаат фотографии кои ќе покажат дека нашата природа е убава, забавна и уникатна. Креативни фотографии кои од единствениот биодиверзитет и видови во земјата ќе направат приказна. Фотографиите треба да ги објавите на Instagram, Facebook или Twitter со #ПриродатаЕСекси #NatureIsSexy и да ни ги испратите на elena@ekosvest.com.mk најдоцна до 10 јули 2017. Од пристигнатите фотографии 10 ќе наградиме со пакетчиња од Еко-свест, а сите фотографии ќе бидат изложени на „Природата Е Секси“- неделата на еко-активности во хотел Метропол, Охрид во организација на Еко-свест која ќе се одржи на крајот на Јули. Ги покануваме сите да се приклучат и да ги покажеме убавините на Македонија.“ – додаваат од Еко-свест.