Општина Охрид и Секторот за ТЛЕР во рамките на проектот СЦБЕ – ТБЦ финансиран од Европска Унија, програмата ИПА – за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција 2007-2013, покрај работилницата која беше спроведена за изработка на SWOT анализа што ја покажува состојбата на пазарот на труд и претприемништво во Охрид , дополнително, предвидува и десетдневна обука за развој на претприемништвото.
Во рамките на овој порект наменет за подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките, вчера ја спроведе првата обука за развој на претприемништвото со цел постигнување на економски развој, самовработување и отварање на нови бизниси.
На обуката предавачите Доц. Д-р Драган Шутевски и Методија Саздов преку практични примери упеаја на присутните да им презентираат што значи Креативноста наспроти Иновативноста. Во наредните обуки ќе биде практично составен бизнис модел и бизнис вежба за сите млади невработени и идни претприемачи да видат како практично една идеја може да се претвори во бизнис.
Обуките ќе се одржуваатво континуитет во периодот што претстои.