Холандски турист починал од срцев удар во комплексот „Свети Наум“

На 22.06.2017 година во 15:00 часот во ПС Охрид, од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека во комплексот „Св.Наум“ во Охрид починал Р.Ј.А. (66) од Република Холандија.

Констатирана е смрт без траги на насилство. Најверојатно смртта настапила како последица од срцев удар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот нема да се врши обдукција.