24 Јуни е денот кога се одбележува меѓународниот ден на Балканските Египќани, со што се потсетува на повеќе децениската борба за подобар и подостоинсвен живот на припадниците на оваа заедница.
Египќаните на Балканот се дојдени како колонисти да ископуваат и експлоатираат метали во 13 век п.н.е. Припаѓаат на семејството на семитско-хамитски народи, а зборувале на староегипетски јазик, кој денес е изгубен. За колонизацијата на Египќани на Балканот има сведоштва скоро кај сите антички автори, но и богато археолошко наследство. За време на преродбеништвото во 19. век. Египќаните за прв пат се спомнуваат во весникот „Македонија“ што излегувал во Цариград во 1867 година, а текстот е пишуван од еден Египќанец од Прилеп. Денес се препоставува дека на Балканот живеат околу еден милион Египќани, најповеќе ги има во Грција, Албанија, Косово, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но ги има и во Турција и Бугарија.
На вториот конгрес на Сојузот на балканските Египќани одржан во 2010-та година во Струга, донесена е одлука 24-ти јуни да се одбележува како Меѓународен ден на балканските Египќани.Имено на овој ден во 1990 година во Охрид, е одржано првото Собрание на една општествено-политичка организација на Балканот, кој се заложи за сочување на етничкиот идентитет и заштитата на правата на оваа заедница.
Како во многу држави во кои живеат Балканските Египќани така и во Република Македонија оваа заедница сеуште се наоѓа на маргините, исклучена од голем број на општествените процеси. Балканските Египќани спаѓаат во делот на ранливите општествени групи кои се соочуват со дискриминација и општествена исклученост која влијае негативно на инклузивните процеси, се ограничува нивниот прогрес и изедначување со останатите општествени групи.
Денешниот ден е ден во кој што треба да се потенцира дека сите треба да застанеме против предрасудите, против погрешното разбирање на различностите. Впрочем Република Македонија е држава што се карактеризира со низа различности, заедницата на балканските Египќани е нераскинлив дел од балканското и македонското општество, како во минатото така и денес дава значителен придонес во развојот на нашето современо општество и затоа треба да се направи напор за унапредување на степенот на права кои ги уживаат преставниците на заедницата на Балканските Египќани.Културните вредности на заедницата на Балканските Египќани се само еден мал дел од балканскиот културен мозаик, но преставува значаен сегмент и е нераскинлив дел од европскиот културен мозаик.
Граѓанските организации кои ги застапуваат балканските Египќани постојат повеќе од 20 години и посветено работат во промовирање на културните вредности на заедницата на Балканските Египќани, каде преку активностите кои ги реализираат имаат за цел да креираат мост меѓу институциите и заедницата на Балканските Египќани. А од друга страна ги обединуваат младите Египќани од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Дебар, Струмица и другите делови на Македонија и им нудат можности за неформално образование, личен развој, учество во јавниот живот и процесите на донесување на одлуки. Заедницата на Балканските Египќани е нераскинлив дел од македонското општество и затоа треба да се направи напор за унапредување на степенот на права кои ги уживаат преставниците на заедницата на Балканските Египќани.
Денот на балканските Египќани ќе се одбележи со централен настан во Р.Албанија на 23 Јуни во градот Елбасан каде ќе се престават културните вредности на заедницата преку ора и песни од балканските Египќани кои живеат во Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово.
Додека во Р.Македонија Денот на Балканските Египќани 24 Јуни, ќе се одбележи со пригоден настан во Центарот за култура „Глигор Прличев“ во Охрид со почеток во 12:00 часот.
Денот ќе се одбележи со пред премиерно прикажување на документарниот филм што светската документарна редакција на Ал-Џезеира, го продуцира за Балканските Египќани, при што се прикажува животот, културата и културното наследство, како и движењето за заштита на идентитетот на Балканските Египќани.
Исто така ќе има мала пригодна културно-музичка програма изведена од талентирани младинци од заедницата на Балканските Египќани во Македонија.