Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 3,48%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 12.06.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 12.06.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 46,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,067 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.06.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,139 ден/кг.