Кривична пријава за две лица поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци и А.Е. (56) од селото Калишта.

Пријавениот С.И. нелегално односно без одобрение, на катастарска парцела 595 во селото Подгорци започнал со градба на ограда со должина од 6,90 метри и висина од 0,35 метри. Второпријавениот А.Е. со нелегална градба отпочнал на катастарска парцела 407/1 во струшкото село Калишта со должина од 55м +24м, а во површина од 1281 метри квадратни.

Од страна на градежна инспекција при Општина Струга донесено е решение за отстранување на нелегалните градби.