Министерката Дескоска се сретна со амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние

Министерката за образование и наука, г-ѓа Рената Дескоска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Н.Е. г-динот Кристиан Тимоние.

Министерката Дескоска, на средбата се заблагодари за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, напоменувајќи дека нејзина заложба е продлабочување и интензивирање на односите во полето на образование, посебно помеѓу високообразованите институции во Република Македонија и Франција.

За време на средбата, двете страни се согласија дека постои подготвеност за унапредување на начините за изучување на француски јазик во образовниот систем во земјава.