Вчера во 05:15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај с.Требеништа, се случила сообраќајна незгода во која Љ.К. (26) од Валандово, управувајќи патничко возило „Поло“ со валандовски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото кое излетало на левата страна надвор од патот, по што се превртело на кров.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумгодишна сопатничка од Валандово. Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа болница Охрид, од каде поради сериозноста на повредите била пренесена во Клинички центар Скопје и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа СВР Охрид.