Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Синоќешното невреме го зголеми интензитетот на денешните активности на одделението „Јавна хигиена“. Паднатите лисја се расчистуваат и подигаат од сите јавни пешачки и сообраќајни површини во градот, а во рамките на можностите и оперативноста, се делува на улиците од сите категории. Подигнатиот лист се транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање.

Се расчистуваше и градскиот кеј од наносите од реса и друг отпад кој на кејот го натрупа езерскиот бран. Подигнати се 20 м3 отпад.

191120149771

Продолжува акцијата за чистење на речните корита и денеска се расчистуваше река Сушица по должина на ул.„Аџи Мустафа“.

10.03.36